20 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД 19, ГОЛЕМ ДЕЛ ОД НИВ СЕ ПРИЈАВЕНИ ОД КЛИНИКАТА ЖАН МИТРЕВ

0
151

Денеска министерството за здравство регистрираше 20 починати лица како компликации од коронавирусот. Но, мора да се напомене дека 14 починати биле пријавени од „Жан Митрев“ и тоа за периодот од 4. јануари до 30. јануари годинава.

„Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од Жан Митрев Клиника за пациенти кои починале во периодот од 04.01-30.01.2021. Шест лица се починати во текот на вчерашниот ден.
Починати се 12 пациенти од Скопје (59,61,62,62,66,66,68,71,74,75,80,83г), два од Струга (69,76г) и по еден од Виница (63г), Струмица (67г), Кавадарци (35г), Крушево (69г), Пробиштип (73г) и Радовиш (56г).Сите пациенти се починати во болнички услови.“, се вели во извештајот од министерството за здравство.