Беса се спротивставува на предлогот на Заев за проширена влада

0
42

Движењето Беса во принцип не ја поддржува идејата на премиерот Заев за проширена влада. Кастриот Реџепи за ТВ21 изјави дека проширените влади, во кои се вклучени сите политички субјекти, се пракса кога земјата е во криза. Тој рече дека опозицијата е важен фактор. 

„Сметаме дека проширените влади, кои ги вклучуваат сите политички субјекти, обично е пракса кога станува збор за поголема криза. Во моментов не е таква ситуацијата, затоа не гледаме никаква причина за проширена влада затоа што опозицијата е добра за демократијата изјави за ТВ21, Кастриот Реџепи од Движењето Беса.