Борисов: Бугарија за три месеци отвора фабрика за вакцини

0
73

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека за три месеци во Разград на североистокот на земјата ќе биде изградена нова фабрика на компанијата Биовет, која ќе произведува хумани вакцини и вакцини против ковид-19, но и вакцини за ветеринарна употреба.

 

БТА пренесува дека Борисов денес го посети градилиштето на новиот производен погон во Разград, во кој компанијата Биовет вложила околу 60 милиони евра, а снимката од посетата е објавена на неговата фејсбук страница.

Борисов соопшти дека ја информирал Европската комисија за планираните идни излезни капацитети  на погонот, неговата опременост и техничките карактеристики, како и дека овој инвестициски проект на Биовет во Разград е вреден вкупно 200 милиони евра и ќе отвори 350 нови работни места.