Бугарка им се заканувала со нож на вереникот, свекорот и свекрвата

0
44

Полициски службеници привеле 44-годишна Бугарка која им се заканувала со нож на вереникот, свекорот и свекрвата.

– На 16.03.2021 во 22.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево, бидејќи претходно со остар предмет се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители, велат од МВР.

Лицето било задржано во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.