ВИДЕО – Кина погодена од најлошата песочна бура во последната деценија

0
25

Главниот град на Кина, Пекинг, и голем дел од северот на земјата беа погодени во понеделникот, на 15 март, од најлошата песочна бура во последната деценија, поради што беа откажани стотици летови. Солитерите во центарот на Пекинг „исчезнаа“ од видик под облаците од прашина и песок, сообраќајот забави, а повеќе од 400 летови од двата главни аеродрома во градот претпладне без откажани, пренесува Асошиејтед прес (АП).

Ваквите бури се случуваа редовно на пролет кога ветровите носат песок од западните пустини дури и во Јапонија, објаснува АП, додавајќи дека засадувањето големи дрвја и грмушки во чувствителни области го намали интензитетот на тие бури, но сегашната експанзија на големите градови и индустрии притисок врз животната средина низ Кина.

Националниот метеоролошки центар предвидува дека песок и прашина ќе погодат 12 провинции и региони од Ксинџијанг на крајниот северозапад до Хаилонгјанг на северо-исток и источниот крајбрежен град Тианџин.