Вирусолозите предупредуваат: Периодот меѓу двете вакцини е посоебно опасен

0
86

Главниот виролог на Универзитетската клиника во Хајделберг, Ханс-Георг Кројслих, предупредува на опасноста од нови мутации на коронавирусот, особено во периодот помеѓу приемот на двете дози на вакцината.

„Би било загрижувачки ако во следните недели, многу луѓе, по првата вакцина, имаат нецелосна заштита, а во исто време има бројни инфекции. Тоа би било идеален простор за нови видови кои би можеле да го заобиколат дејството на вакцината“, изјавил Кројслих за весникот „Рајн Некар Цајтунг“.

Тој истакнал дека, со делумен имунитет, може да се создадат отпорни варијанти на вирусот.

„Ако се заразат голем број луѓе, кои сè уште немаат целосен имунитет, тогаш се зголемува веројатноста за нови мутации“, смета вирологот.

Макфакс