Дали Ахмети се подготвува за политичка пензија?

0
72

Недоразбирањата меѓу двете крила во ДУИ, предводени од Артан Груби и од Изет Меџити се надминати“. Ваков впечаток сака да остави раководството на партијата, кое за време на викендот цели осум часа „ги пеглаше“ разликите во рамки на седницата на претседателството. Во политичките кругови се очекува внатрепартиската врева да се стиши бидејќи наближуваат локални избори, за кои е потребно единство. Аналитичарите говорат за две можни сценарија.

Вториот агол на гледање е поврзан со можноста за заминување на Ахмети во политичка пензија. Иако сите фракции му се лојални, прашање е која би ја задржала неговата обединувачка улога.

Разногласието во ДУИ не се појавува за прв пат. Пратеникот Арбен Зибери вели дека сега партијата е уште посилна и покомпактна.

Поради отсуство на Изет Меџити и уште двајца пратеници, Собранието немаше кворум цел месец. Меџити е познат како теренски активист со големо влијание врз членството. Не ја крие близината со Муса Џафери и Блерим Беџети, но и внатрепартиското незадоволство од Артан Груби, за кого најавува интерпелација.

Преземено од Телма