ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ЗА СЛУЧАЈОТ „ТРЕЗОР“

0
21

Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Небојша Стојаковиќ и Горан Грујевски да бидат прогласени за виновни, побара денеска обвинителството во завршните зборови за случајот „Трезор“ кој се однесува на набавката на софтвер за прислушување од британската фирма „Гама“ преку фирмата „Финзи СК“ од Скопје.

Според обвинителот Трајче Пеливанов за набавката на опремата што се реализирала во 2010 година, МВР наместо да ја прави директно со британската фирма „Гама“, како најекономичен начин, обвинетите договориле набавката да се изврши преку фирмата „Финзи“ од Скопје како посредник.

Обвинителството уште тврди дека откако била договорена зделката, обвинетите му наложиле на помошник-министерот за јавни набавки во МВР во тоа време, Ѓоко Поповски, да ја започне постапката за набавка иако фирмата „Финзи СК“ ниту имала технички ниту човечки капацитети да го одржува купениот софтвер за прислушување за потребите на МВР.