Изет Меџити со ново движење?!

0
193

По веста од самиот Изет Меџити за оставка од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ, кружат гласини за нова партија што ќе ја основа Изет Меџити.

 Лама објави на својот Фејсбук профил „Fryma e re Shqiptare- FRESH“, со што се покрена сомнеж за новото Движење кое ќе го води Изет Меџити.
Се очекува овие сомневања да бидат потврдени или демантирани од Меџити, додека за поранешниот висок функционер на ДУИ и еден од основачите на оваа партија, Муса Џафери, се шпекулира дека е иницијатор на поделбите во ДУИ.