Млад маж загина, повеќемина повредени меѓу кои и малолетници во несреќа кај Козјак

0
21

Млад маж го загуби животот, а шест лица се повредени од кои три се малолетни, во сударот на три возила во саботата вечерта на патот кон хидроцентралата Козјак во близина на Скопје.

На 13.03.2021 во 21,00 часот било пријавено дека на регионален пат Скопје- ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот М.М. од Скопје, патничко моторно возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки управувано од 30-годишната Р.К. од Скопје и автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот В.К. од Скопје.

На местото на незгодата починал возачот М.М., а со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „опел корса“ 24-годишниот Б.С. од Скопје и малолетен сопатник од возилото „форд фокус“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Со телесни повреди се здобила Р.К. и сопатниците од истото возило 31-годишниот Б.К. и двајца малолетници констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.