Навреда на Ердоган е кривично дело според закон, приведени 13 лица

0
41

Турската полиција приведе 13 лица кои учествувале на маршот по повод Денот на жената, поради наводни навреди на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Илјадници демонстранти поминаа низ улиците на Истанбул во понеделникот за да го осудат насилството врз жените во Турција, каде минатата година се убиени повеќе од 400 жени.

За разлика од претходните години кога полицијата ги разбивала сличните демонстрации, годинешниот марш заврши мирно.

Сепак, полицијата подоцна ги разгледала видеата од маршот и во средата приведе 13 лица, вклучувајќи и малолетничка која учествувала на протестот, соопшти канцеларијата на гувернерот на Истанбул.

Соопштено е дека уапсените викале „пароли“, но не се дадени детали.

Локалните медиуми објавија дека лицата се приведени поради навреда на претседателот Ердоган.

Навреда на претседателот е кривично дело во Турција за кое е предвидена казна затвор до четири години.

Илјадници луѓе, вклучително и новинари, политичари, актери и ученици, се кривично гонети за наводна навреда на Ердоган.

Наспроти ветувањето на Ердоган од минатата недела за реформи во човековите права, вклучително и за слободата на говорот повторно има притворања