Од кабинетот на Претседателот изразиле чудење зошто Спасовски не го поканил Пендаровски на јубилејот на „Тигрите“

0
43

Претседателот Стево Пендаровски не бил поканет на денешното одбележување на 40-годишнината од формирањето на специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во касарната Илинден, за Канал 5 го потврдија од Кабинетот на Пендаровски, истовремено изразувајќи чудење.

Забележително беше отсуството на шефот на државата и воедно врховен командант на воените сили, иако таму покрај премиерот Зоран Заев беа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче, па дури и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Во касарната Илинден беше промовирано и новото лого и амблемот на „Тигрите“ кој ќе биде без Република Македонија а државниот врв се поклони и на споменикот на загинатите припадници на оваа единица, освен вицепремиерот Артан Груби.