Пулмологот кој беше вакциниран во Ниш, сè уште е во кома

0
21

Пулмологот од Северна Македонија, 73 години, кој откако се вакцинираше со АстраЗенека падна во кома, се уште е во тешка здравствена состојба.

Состојбата е непроменета, објавија од Универзитетскиот клинички центар, пренесува „Данас“.

Станува збор за таткото на заменикот Влатко ЃОРЧЕВ, кој бил во Србија да ја прими вакцината и одеднаш неговата состојба се влошила, по што веднаш бил реанимиран и испратен во болницата во Ниш.

Директорот на болницата, Зоран Пешиќ, вчера објави дека влошувањето на состојбата не е резултат на вакцината.