Путин: Русија летово би можела да постигне колективен имунитет

0
22

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека очекува Русија да постигне колективен имунитет на вирусот корона до крајот на летото и да ги укине ограничувањата поврзани со пандемијата, објави Интерфакс.

„Ако (вакцинацијата) оди со исто темпо како порано, мислам дека летото, до крајот на летото, ќе постигнеме, мора да постигнеме таков индикатор“, истакна Путин.

Рускиот претседател, кој беше вакциниран со вакцина од руско производство оваа недела, исто така рече дека единствените несакани ефекти што ги доживеал биле лесна болка во мускулите следното утро и непријатно чувство на местото на каде ја примил вакцината, објави Ројтерс.