Се проверува дали во Македонија стаса и јужноафрикански откако началник од битолската болница се врати од Занзибар со коронавирус

0
46

Како што дознава Телевизија 21, медицинско лице од Битола е позитивно на коронавирус заедно со својот сопруг, откако се вратиле од Занзибар, по што сега МАНУ проверува дали станува збор за јужно-африкански сој.

На редакцијата на ТВ21 познато и е името на лицето кое е вработено во Клиничката болница во Битола, но во овој момент, нема да го откриеме. Контактиравме и со директорката на болницата, но добивме само краток одговор „Не сум информирана“.

Мажот се лекува на одделот за нефрологија во Струга, а женеата е сметена во болница во Скопје.

Симптомите на вирусот ги пројавиле два дена пред враѓањето во земјава. Струшката болница веќе испратила мостри за утврдување на видот на вирусот.

Занзибар како туристичка дестинација стана актуелен за патување и одмор на граѓаните во последните месеци бидејќи за престој таму не се бара ПЦР тест за ковид-19.

По ова, денеска од Министерството за здравство испратија соопштение дека сите лица кои се враќаат од овие предели на земјата, ќе мора да одат во задолжителна изолација.