Случајот со двајца функционери на ДУИ е заглавен во Вишото обвинителство

0
53

Вишото јавно обвинителство во Скопје го „блокираше“ случајот со поранешните пратеници Ејуп Халими и Исмет Гурин од ДУИ, кои Основниот суд ги осуди на 3 и пол години затвор.

Како што пишува Сдк.мк, Вишото обвинителство не го вратил предметот во Апелациониот суд од ноември па се до ден денеска.

Началник на ова обвинителство е Мустафа Хајрулаи

Иако во законот има упатства за утврдување на роковите за предмети поднесени од Апелациониот суд за мислење, сепак тука законот не се почитува. Од 13 ноември, Обвинителството не ги враќа списите со целиот предмет и не дава мислење.

Апелациониот суд не може да одлучува по жалбите на обвинителката Фатиме Фетаи, како и на Халими и Гури. “, пишува овој портал.

Сакамдакажам.мк го праша началникот Хајрулаи кога ќе даде мислење за овој случај, но тој не одговори.

„Случајот е од 12 ноември минатата година. На 13 ноември го испративме до Вишото јавно обвинителство за мислење. До денес немаме одговор од Вишиот јавен обвинител кој ќе ја застапува тужбата пред нашиот суд “, изјавија од Апелациониот суд во Скопје.

Халими и Гури беа осудени за фалсификување на изборните резултати во 2013 година.