Име Вести Убедлив пораз на македонските ракометари на гостувањето во Данска

Убедлив пораз на македонските ракометари на гостувањето во Данска

0
36

Подмладената ракометната репрезентација на Македонија на гостувањето во Олборг претрпе убедлив пораз од светскиот шампион  Данска со 37-21во натпревар од четвртиот круг од квалификациите за европското првенство идната година.

Без најискусните Кире Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски нашиот национален тим немаше шанси на дуелот против силните Данци кој на домашен терен бараа реванш за поразот од пред три дена во Скопје.

Во редовите на црвено жолтите попладнево на мечот во Олборг најефикасен е Филип Кузмановски со 5 гола, по три постигнаа Велковски и Пешевски. Кај Данска прв стрелец е Гидсел со 7 погодоци.

По денешниот меч двете селекции имаат по 6 бода и имаат по уште два меча за одигрување. Во вториот дуел од нашата група Швајцарија триумфираше над Финска на домашен терен со 32-30.

Во последните два натправри од квалификациите, Македонија на крајот на април најпрво ке и гостува на Финска, а само неколку дена подоцна ке ја пречека Швајцарија