328 лица од Македонија се пријавиле да гласаат на изборите во Бугарија кои ќе се одржат на 4 април

0
58

Само 328 лица од Северна Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 4 април

Според објавените податоци на Централната изборна комисија на Бугарија, најмногу регистрирани од нашата земја се од Охрид (99), потоа од Струмица (65) и Штип (61), а има 52 запишани гласачи од Скопје и 51 од Битола .

Вкупно 87.216 лица се пријавиле да гласаат во бугарските амбасади и конзулати во странство.

Според бугарскиот весник Сега , бројот на запишани гласачи од дијаспората е рекорден, но изненадува малиот број на регистрирани гласачи од соседните балкански земји.

„Во Северна Македонија, со која билатералните односи се влошија поради контроверзни историски прашања, регистрирани се само 328 лица, а 172 апликации се дојдени од Србија и 58 од Романија“, пренесува весникот „Сега“.

Најмногу регистрирани се од Турција – 20.854, Велика Британија – 16.159 и Германија – 13.493. 7.743 бугарски државјани се пријавиле да гласаат во Шпанија, 5.030 во САД, 2.719 во Италија, 2.114 во Австрија, 2.025 во Холандија, 1.949 во Франција и 1.941 во Грција.