„Веритас“ со нови обвинувања за работата на Универзитетот во Тетово, Инспекторатот сè уште без одлука околу сомнежите за плагијати на овој универзитет

0
60

Списанието „Веритас“ со нови обвинувања за неправилности на Универзитетот во Тетово. Во најновото издание на „Веритас“ објавено е дека од 14 проверени докторски дисертации, 12 се со со плагијат.

Инаку Извештајот на Просветниот инспекторат за сомнежите за плагијат на Универзитетот во Тетово се одолговлекува. Тој требаше да биде објавен пред една недела, од Инспекторатот за Алсат велат дека првата фаза од инспекцијата е завршена денеска и дека очекуваат надлежната комисија при Министерството за култура да го процени авторството на научните трудови. Покрај тоа, Инспекторатот чека извештај од Научниот наставен совет во рамките на Универзитетот.

„Во врска со наводите за плагијат, сакам да појаснам дека не станува збор за седум професори, или пет. Станува збор само за двајца професори, а другите имиња за кои станува збор се студенти од трет циклус на Медицинскиот факултет. Што се однесува до научните трудови на професорите, но и на кандидатите, тие научни трудови ги испративме до надлежните институции, односно ги испративме до Министерството за култура, врз основа на Законот за авторско право“, рече Ардијан Муслиу, директор на Инспекторатот за образование.

Во средината на март, списанието „Веритас“ објави информација, обвинувајќи седум професори за плагијат со нивните научни трудови. Поранешниот декан, Хаџиреџа ги потврди плагијатите, по што поднесе жалба до Инспекторатот за образование. Јавноста беше многу критична кон украдените дела, нарекувајќи ги сериозно академско злосторство.