ВИДЕО: Руска новинарка стана вирален хит откако еден „натрапник“ неочекувано ѝ го грабна микрофонот за време на …

0
25

Не е лесно да си репортер и да водиш временска прогноза во живо, особено кога ќе ти се случи нешто неочекувано и непријатно.

Така, една руска водителка додека зборуваше за временската прогноза во живо во Москва, едно куче ѝ влезе во кадарот и го украде микрофонот од новинарката.

Јавувањето во живо на новинарката Надежда Серјожкина од руската телевизија Мир го прекина заигран златен ретривер кој скокна на неа, го зграпчи микрофонот од раце и избега.

Серјожкина викаше по кучето да се врати назад, додека безуспешно се обидуваше да го фати од мостот од каде се снимаше за телевизијата.

И додека едната водителка се обидуваше да го фати кучето, во следниот кадар се гледа вчудовидениот поглед на водителката во студиото.

„Изгледа дека ја изгубивме врската со нашата новинарка. Ќе се обидеме повторно да стапиме во контакт со неа“, рече водителката.

https://twitter.com/i/status/1377916653846036480
https://twitter.com/i/status/1377916653846036480
https://twitter.com/i/status/1377916653846036480