Заев и Царовска промовираат социјална нееднаквост и ги дискриминираат децата. Над 25.000 деца немаат допир со компјутер тие не може да учат од интерактивни електронски учебници.
Катастрофална грешка е воведување само на електронски учебници. Тоа го нема во ниту една земја во светот, ниту во најразвиениете.
Електронските учебници можат да бидат помагала, ама не и на нив да се базира наставниот процес во целост.
Наводната реформа на Царовска е за полнење на џебовите на поединци, а не за добро на децата.
Туркањето по секоја цена да се смени системот е насилие. Повлекувањето на законот и негово враќање со европско знаменце е силување на законите и злоупотреба на процедурата закони од значење за нашата ЕУ интеграција. Царовска сака само да спречи дебата, некој да профитира, а децата да се осакатат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ