Дебарските Роми бараат државата да се ангажира за нивно вработување

0
23

Припадниците на ромската етничка заедница кои живеат во Дебар последните години имаат постигнато добри успеси во школувањето пред се поради подршката што има се дава во стипендии, но проблемот со нивното вработување и понатаму е голем. Оваа за Радио Слободна Европа, а по повод Светскиот ден на Ромите, го изјави претседателот на здружението „Месечина“ на дебарските роми, Илми Куртиши.

Тој нагласи дека „Ромите во Дебар тешко е да се вработат во локалните и централните институции , така што во оваа насока треба државата да стори многу повеке“.

„Ние како Роми сме задоволни од интеграцијата на децата во градинките за што родителите се ослободени од плаќање , поради што и расте бројот на нашите деца во градинката, но сепак потребно е и нивно вработување, бидејќи поради невработеноста тие масовно се иселуваат во земјите на Европската Унија. Кога е во прашање вработувањето, тогаш дебарските роми се вработуваат како хигеничари во комуналното претпријатие“, изјави вели Куртиши.