Замрзнат имотот на Никола Груевски од новооткриените 3.000 метри квадратни на Водно и двата стана

0
28

Со одлука на Основен кривичен суд, новооткриените 3.000 метри квадратни плац на Водно и двата стана на поранешниот премиер Никола Груевски се замрзнати, пренесува „Сакамдакажам.мк“, потпирајќи се на изјавата на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Јовески за „СДК.мк“ изјавил дека на хартија фигурираат и други имиња, но дека Обвинителството изнело соодветни докази пред Судот дека тоа се станови на поранешниот премиер Груевски.

Иако се поминати околу 10-на дена од одлуката која што била донесена од судот, засега никој не поднел жалба.

Груевски од Унгарија, по претресот кој беше направен во становите, негираше дека истите се негови со констатација дека ги изнајмил под кирија.

Инаку, на Водно не биле замрзнати сите нелегално купени плацеви на Гуевски туку само поскапите кои што од шума биле трансформирани во градежно земјиште со повеќекратно зголемена цена за метар квадратен.

Засега нема да бидат замрзнати ниту станот во Капиштец, а станот во Аеродром бил продаден.