На улицата Благоја Тоска во Тетово во сообраќајка повредени двајца пешаци

0
21

Вчера попладне на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко моторно возило „сеат алхамбра“ со тетовски регистарски ознаки управувано од А.С.(53) од тетовски Пирок удрило во 25-годишната С.И. од Тетово и 35-годишната И.О. од тетовско Сараќино (пешаци). Тие биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Вчера на клучката за тетовски Групчин, полициски службеници на СВР Тетово го привеле  34-годишниот С.Б. од скопско Бојане, кој се превезувал во возило „хундаи“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал 27-годишниот Ш.С. од истото село, а кој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во Полициското одделение Групчин и против него ќе следуваат соодветни поднесоци.