Прекинато производството на вакцината на „AstraZeneca, по грешка помешале супстанци за две вакцини,

0
33

Во Соединетите држави го запреа производството на вакцината против коронавирусот на англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ во погоните во Балтимор, каде поради грешка при производство дошло до мешање со дел од препаратот за вакцинатана на американски „Johnson&Johnson“, пишува весникот The New York Times повикувајќи се на високопозиционирани извори.

Според соговорниците на весникот, погоните на биотехнолошката компанија „Emergent BioSolution“ ќе се занимава со производство само за еднокомпонентнта вакцина на „Johnson&Johnson“, со цел во иднина да се спречи мешањето на состојките на вакцините.

Ваквата одлука следеше по сознанието дека во „Emergent BioSolutions“, којашто соработува и со „AstraZeneca“ и со „Johnson&Johnson“ случајно се помешале состојките од двете различни вакцини, принудувајќи ги регулаторите да го одложат одобрувањето на производните линии во погонот.

Според весникот, од компанијата „AstraZeneca“ рекле дека ќе соработуваат со американските власти, за да се најде алтернативни погони за производство на нејзината вакцина во САД.

Во моментов во САД имаат авторизација за производство на вакцината против коронавирусот три компании: „Pfizer/BioNTech“, „Moderna„ и „Johnson&Johnson“. Првите две компани ги испорачуваат своите вакцини според договорениот план. Според NYT, од „Pfizer“ дури и го надминуваат планот, додека „Moderna“ го чека одобрувањето за испораки на ампули со 15 дози, наместо со 10 дози, како што се практикуваше досега.

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи претходно изјави дека не гледа неопходност од употреба на вакцината на „AstraZeneca“ во борбата со коронавирусот во САД, дури и доколку биде одобрена од националниот регулатор.

Во моментов, некои земји во Европската унија ја прекинаа имунизацијата со вакцината на „AstraZeneca“ поради пријавени случаи на тромбоемболиски компликации кај вакцинираните. Европските регулатори ги истражуваат инцидентите, но засега сметаат дека е корисно и безбеднос да е продолжи употребата на оваа вакцина. Во САД, пак, „AstraZeneca“ сѐ уште чека на одобрување за употреба.