Припадник на Армијата се здобил со прострелна рана при воени вежби на полигонот „Криволак“

0
29

Припадник на Армијата вчера околу 13 часот се здобил со прострелна рана од пиштол во пределот на стапалото при воени вежби на воениот полигон „Криволак“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека случајот е пријавен вчера во 13:45 часот во полициската станица во Неготино.

Повредениот е пренесен во Општата болница Кавадарци, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.