Протест за слобода за осудените од 27 април – не се организатори, но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ маршираа на протестот

0
22

Пред зградата на владата се собраа за да протестираат против затворските казни што им се изречени на учесниците во упадот во Собранието на 27 април пред 4 години. Носеа маици и транспаренти на кои бараат ослободување на затворените и оставка на Владата.

„За да ги поддржиме луѓето што се внатре. Бесправно тотално. Тие сега што се на власт тие треба да се внатре а не тие“, истакна учесник.

„Владата да падне, да се најде човек што ќе ја води државата. Инаку, вака како што одеше и како што оди не одиме далеку“, посочи учесник.

„Власта под итно да си замине тоа е од мене пораката“, додаде учесник.

Тврдат дека зад овие протести не стои ниту една политичка партија и дека сами се о рганизирале. Но, на протестот се најдоа и лидерот Христијан Мицкоски, како и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои маршираа заедно на протестот, за што се пофалија на социјалните мрежи.

„Протестот е одраз на целокупната состојба во општеството. Народот е не задоволен, народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои го бранеа Уставот. Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност“, посочи Христијан Мицкоски.

Таму беа и нивните коалициски партнери.

„Пораката е што беше, беше, доста беше. Очигледно дека тие луѓе што се по з атворите тие беа во право а тие што ја водат денеска државата тие излажаа. Дали требаше да влезат во Собрание – да. Дали беа во право – да. Дали требаше да тепаат – не. Тоа го осудуваме и за тоа одлежаа затвор и мислам дека е сосема доволно“, вели Стевчо Јакимовски.

Од пред Владата марширајќи преку улиците низ центарот на градот, учесниците на п ротестот пееја патриотски песни, извикуваа Никогаш Северна само Македонија, Оставка- оставка и вееја знамиња на Вергина. Се собраа пред Собранието, по што оперскиот пејач Игор Дурловски и пејачката Андријана Јаневска ја испеаја химната. Потоа беше прочитана и Декларација со барање за ослободување на сите осудени, распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

„Бараме безусловна слобода на уставобранителите од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017-тата. Загрижени сме за криминалот и корупцијата на марионетската Влада на Зоран Заев, загрозените човекови права и нарушената правда во Македонија“, додаде Арна Шијак.

Обвинетите за упадот во Собранието добија вкупно 188 години затворска казна. Сите беа осудени поради крвавиот нападот на пратениците но и новинари и загрозување на нивните животи.

Извор Тв21