Се смирува ситуацијата со КОВИД 19 во тетовскиот регион, за два пати намалена е бројката на амбулантски прегледи на пациенти суспектни на КОВИД 19

0
25
Се смирува ситуацијата со Ковид 19 во тетовскиот регион. Намалени се амбулантските прегледи, но и голем дел од хоспитализираните во КОВИД центарот при Клиничката болница во Тетово се со полесна клиничка слика.

 

Во споредба со првата половина од месецов, деновиве за два пати намалена е бројката на амбулантски прегледи на пациенти суспектни на Ковид 19, говорат податоците на Клиничката болница во Тетово.

Ситуацијата со вирусот се смирува, но и малата бројка на прегледи, дава надеж за помал број на позитивни случаи со Ковид 19.

-На почетотокот од април па се до пред десетина дена вирусот зеде многу голем замав, имавме на дневна основа и до 70 амбулантски прегледи на пациенти суспектни на КОВИД 19. Сега ситуацијата е далеку подобра, тоа го кажуваат и бројките, сега имаме околу 20 амбулантски прегледи во текот на денот, се надеваме дека овој тренд ќе продолжи, рече Д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово.

Сепак додава Д-р Нуредини, граѓаните не треба да се олабавуваат, особено сега пред велигденските и рамазанските празници. Да не се групираат затоа што британскиот сој на вирусот кој е најзастапен е многу повирулентен и поопасен.

-Јас само кажувам бројки, ако се намалени не значи дека граѓаните треба да олабават како и многу пати досега, затоа што се работи за многу опасен вирус, особено британскиот, кој многу брзо се шири и кај пациентите создава за многу кратко време тешка клиничка слика со сериозни компликации, односно со тешка бура кај пациентите, вели Д-р Нуредини

Инаку во Ковид центарот и во Инфективното одделение при Клиничката болница Тетово, моментално се хоспитализирани 35 Ковид пациенти