СЗО: Данска размислува да им ги даде вакцините АстраЗенека на сиромашните земји

0
60

Данска оваа недела стана првата земја што ја прекина употребата на вакцината АстраЗенека, додека европските власти продолжуваат да анализираат десетици извештаи за многу ретки тромбови, комбинирани со ниски тромбоцити што се случија во земјите на Унијата, како и во Велика Британија.

Светската здравствена организација (СЗО), која заедно со британските и европските медицински агенции продолжуваат да ја препорачуваат употребата на вакцината, велејќи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, исто така, врши притисок врз земјите да не складираат вакцини доколку не ги користат.

Лавовскиот дел од вакцината досега отишол во побогатите земји.

„Вчера разговарав со Сорен Бростром, директор на данскиот здравствен орган и сфатив дека данското Министерство за надворешни работи е подготвено или веќе разгледува опции за споделување на вакцината АстраЗенека со посиромашните земји“, изјави за новинарите директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Службениците на СЗО не го критикуваат прекинот на вакцинацијата со АстраЗенека во Данска и велат дека секоја нација треба да биде флексибилна во донесувањето одлуки за своите програми за вакцинација врз основа на стапките на вакцинација, инфекцијата и хоспитализациите.

Бростром рече дека Данска направила долг пат со вакцинирањето на постарата популација која е под најголем ризик од тешка форма на ковид-19, додека помладите возрасни групи имаат помал ризик од компликации од оваа болест.