Среде пандемија во Струмица свадба со 300 гости- во Тетово семејна веселба

0
18

Во Струмица спречена свадба со 300 гости, додека пак во Тетово била спречена семејна прослава на која присуствувале 80 гости, а полицијата поднесе и кривични пријави против неколку лица.

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.02.2021, пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – хотел од Тетово и Д.С.(39) од с.Мала Речица, тетовско, како менаџер во хотелот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.03.2021 полициски службеници извршиле контрола во хотелот, при што било констатирано дека во него се организирала семејна веселба – свадба, каде имало 80 гости. Од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат локалот бил затворен, а Д.С. бил лишен од слобода и приведен во просториите на СВР Тетово за понатамошна постапка“ стои во полицискиот билтен.