Тешка несреќа во Чаир – повреден градежен работник итно пренесен во болница

0
19

На 02.04.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека, додека извршувал градежни работи на зграда во изградба на ул.„Босна и Херцеговина“, со повреди се здобил А.С.(57) од Крива Паланка.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.