Уапсен од косовската полиција Африм Исмаилови, обвинет во случајот „Монструм,

0
25

Африм Исмаиловиќ, еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“, односно за случајот на петкратното убиство кај Смилковското Езеро пред девет години, е упасен вчера во една од приштинските населби, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа, објави денеска порталот „Газета експрес“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, адвокатот на Исмајловиќ, Бесник Бериша изјави за порталот дека, по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.

– Апсењето се случи вчера во попладневните часови. Беше случајно, како последица на сообраќајна несреќа. Откако беше повикан во полициска станица за интервју, според процедурите, полициските службеници проверија дали истиот се бара за некое друго кривично дело и им се појавила потерница од 2012/2013 година издадена од Северна Македонија, изјави Бериша.

Според него, приведувањето е незаконско, затоа што за истото кривично дело неговиот клиент бил осуден порано и ослободен, додека моментно чекал да завршат процедурите во однос на неговото брање за азил во Косово.