Украински новинар го нападна претседателот: “Како тоа одиш во Катар ако се подготвува напад на твојата држава?”

0
20

Посетата на претседателот на Украина Владимир Зеленски на Катар, и истовремените соопштенија на Киев за “руската закана” претставуваат “шокантен и непоправлив неуспех”, смета новинарот на украинската телевизија “Еспресо”, Виталиј Портников.

Според зборовите на новинарот, обично, претседателите, кога е опасна ситуацијата во која има закана за нивните држави, прекинуваат официјални посети и се враќаат дома.

“Што покажува однесувањето на Зеленски од гледна точка на западна дипломатија и јавно мислење? Дека нема никаква реална опасност. Дека тоа е украинска измислица, а дека руските чиновници, кои тврдат дека воените вежби на нивните вооружени сили не се закана за никого – ја зборуваат вистината”, укажал тој.

 

“Ако Украинците навистина мислат дека ќе има напад, зарем претседателот на Украина, како да не се случува ништо, ќе отиде во посета? Секако дека не!”, додал Портников.

 

Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го наводното лутање на руските трупи по Ростовската област на границата со Украина, изјавил: “Никој не лутал, ниту лута. Руската војска се движи по руската територија каде сака и го прави тоа што треба за да ја обезбеди сигурноста”. Тој нагласил дека Русија не претставува закана за ниедна држава на светот, вклучувајќи ја и Украина, но дека многу внимателно се однесува кон својата безбедност.

 

Потсетуваме, Киев на 2-ри април ја обвинил Москва за зголемено воено присуство во Донбас. Министерството за одбрана на Украина смета дека Русија собирала редовна војска на границата и вршела обука на народната милиција на самопрогласените ДНР и ЛНР.

 

ТОЧКА.МК