Фотографија на денот: Најраното цутење на црешите во последните 1200 години

0
25

Цутењето на црешите во Јапонија се случува сѐ порано. Годинава зенитот на цутот се случил на 26 март, што е последно забележано во 812 година, како што соопштуваат научниците од Јапонскиот универзитет во Осака.

Се претпоставува дека причина за раното цутење на црешите е промената на климата. Цутењето на црешите во Јапонија има големо културолошко значење и е детално документирано 1200 години наназад. Сакура, така ги нарекуваат Јапонците познатите црешови цветови. Времето кога  островската држава станува розева, се смета за зенит на пролетта и симболизира женска убавина и нов почеток, а се слави низ целата земја.