Ценовникот на приватните болници ќе се изедначува со државниот

0
23

Цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени, утврдени од Фондот за дијагностицирање и лекување на ковид-пациенти, е суштината на законските измени што ќе бидат доставени до Собранието на усвојување, по реакциите на граѓаните дека прескапо ги плаќаат ковид-услугите во приватниот здравствен сектор.

Според она што е одлучено на Главниот координативен кризен штаб, предводен од премиерот Зоран Заев, Владата со закон ќе ги лимитира максималните износи што пациентот сместен во приватна болница ќе ги плаќа за хоспитализација. На работен состанок, на кој бил и вицепремиерот Љупчо Николовски, се дискутирало за цените да варираат според тоа колку време трае лекувањето, дали е во универзитетска клиника или во клиничка општа болница и дали пациентот е на механичка вентилација или не.

„Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид-пациенти во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани“, напиша министеррот Венко Филипче на Фејсбук.