Горд сум што Грција ја надгради својата геополитичка динамика во петте тешки години додека бевме на власт и што зад себе остави еден многу важен договор, Договорот од Преспа, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Контра“, објаснувајќи дека благодарение на договорот, Турција не е и на северната грчка граница.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, говорејќи за надворешната политика на земјата, поранешниот грчки премиер се осврна и на Договорот од Преспа, рече дека „некои кои глумеа, иако знаеја дека е позитивен договор, се бореа против него до последен момент поради политички цел
Во синоќешното интервју тој ги спомена и трите меморандуми што произлегуваат од Договорот од Преспа, а речиси седум месеци чекаат да бидат ратификувани во Парламентот, повторувајќи ја неговата позиција дека секој позитивен глас од 158-те пратениците на Нова демократија, ќе биде и едно извинување за нивниот став додека беа во опозиција.