Од среда полициски час од 23 часот,предлага кризниот штаб на владата

0
37

Започнувајќи од среда полицискиот час наместо од 21 да почнува во 23 часот, а угостителските објекти со гости само во отворениот дел да работат до 22:30 се новите предлог мерки донесени на вчерашниот состанок на Централниот кризен штаб.

Мерките веќе денеска треба да се најдат на владина седница.

Денеска започнува и масовната имунизација на населението во Македонија во повеќе градови ширум земјата со вакцините на кинескиот производител синофарм.

Според најавите на здравствените власти ќе се вакцинираат од 10 до 15 илјади граѓани во еден ден, а со почетокот на имунизацијата се очекува до почетокот на летото да се вакцинираат висок процент на граѓани со што ќе се стабилизира епидемиолошката состојба.