АВТОПАТ КИЧЕВО-ОХРИД, НАМЕСТО ПОФАЛБИ ВЛАДАТА ТРЕБА ДА ОДГОВАРА

0
26

Уште еден доказ дека сегашната Влада, а особено албанскиот партнер во коалицијата, Демократската Унија за Интеграција, сега, освен одговорноста, не се ни срамат.

Министерот за транспорт и врски Благоја Боварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денес се обидоа да се пофалат со уште еден неуспех што започна со претходната Влада ВМРО-ДУИ и продолжува со сегашната Влада СДСМ-ДУИ. Коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива оценува дека наместо унапредување, партиите во Владата денес треба да одговараат за сите неуспеси поврзани со автопатот Кичево-Охрид.

Овој автопат долг 57 километри, вреден 598 милиони евра, започна во 2014 година и ден денес, по 7 години, постигнат е напредок само од 62% во реализацијата на работите. Рокот истекува во јуни, додека Владата најавува предлог анекс на договорот за продолжување на рокот, за време кое никој не може со точност да го планира. Досега, од 70 инфраструктурни проекти за промена на трасата, одобрени се само 20 и Груби заедно со другите министри продолжува да ги лаже граѓаните и да го претставува ова како успех.

Јавно го прашуваме премиерот Зоран Заев: каде е правдата за, цитираме „криминал и корупција” во овој проект, кој го осуди преку прислушуваните разговори? Дали и овој случај ќе заврши со амнестија и партнерство со криминалот, како што завршија сите други случаи досега?

Извор 24инфо