Академик Беџети – Без економските мерки на владата ќе имавме многу влошена економска состојба

0
18
 
Без економските мерки на владата ќе имавме многу влошена економска состојба, смета Академик Абдулменаф Беџети. Значајна е и реализацијата на овие мерки од страна на институции, кои се општо познати дека се слаби и не се толку професионални

 

Со сите досегашни економски пакет мерки имаме импакт и до 7 % во БДП, вели Беџети или во пари имаме влез и до 700 милиони евра во стопанството.

Потребно е да се внимава како ќе се реализираат економските мерки кои допрва следат од шестиот пакет. Од тоа зависи какви ефекти ќе имаме понатакa, вели  Беџети.

Академик Беџети додаде дека економските мерки го зголемиле долгот на државата за дополнителни 11 %.

ММС