Видео: Голем пожар над Галичник, туристите бегаат

0
19

Голем пожар избувна над Галичник, зафатена е борова шума, а огнот уште побрзо се шири поради силниот ветер.

Како што пренесува „МКД.мк“, пожарот избувнал на околу 200 метри над хотелот „Неда“, а туристите веќе се повлекуваат од Галичник.

Според информациите оттаму, не се знаат причините за пожарот, ниту колкава површина е зафатена, бидејќи огнот многу брзо се шири.