ВТОР ПРОТЕСТ ВО ТЕТОВО ЗА ПОДРШКА НА ПАЛЕСТИНСКИОТ НАРОД

0
23

 

Попладнево на градскиот плоштад во Тетово беше организиран мирен протест за подршка на палестинскиот народ.

Откако вчера тетовските студенти побаара владата да застане на страната на народот на Палестина затоа што како што рекоа Израел е вистинскиот терорист, сега група граѓаните ги повикаа сите жители на Тетово без разлика на вера и нација да протестираат за мир и слободна Палестина

Учесниците на протестот го поздравија договорот меѓу Израел и Палестина за прекин на огнот, се надеваат дека договорот нема да се прекрши како и многу пати досега.

Протестот траеше половина час, при што учесниците мирно се разотидоа.