Двајца мртви, осум ранети во престрелка во Минеаполис

0
47

Убиени се двајца мажи, а осуммина се ранети во пукање во центарот на Минаеполис, објави полицијата.

„Од 10 жртви сите се возрасни, пет мажи и пет жени. Двајца од починатите се мажи, а еден маж е во критична состојба“, напиша полицијата на Твитер.

„Вратен е редот на местото на инцидентот и блиската околина“, наведе полицијата и додаде дека закани за јавната безбедност нема.

Уште на седуммина ранети пружена им е лекарска помош во локалните болници и немаат повреди опасни по живот, објави полицијата.

Се истражува причината за пукањето.