„ДОБРА ОСНОВА ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ МЕЃУ СКОПЈЕ И СОФИЈА”

0
19

„Добра основа за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија“. Вака премиерот Зоран Заев го оцени предлогот на Португалија за деблокирање на почетокот на преговорите со ЕУ. По средбата со комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји и со португалскиот министер за надворешни работи Августо Силва, премиерот Заев уште еднаш јасно стави до знаење дека не се преговара за прашањето за македонскиот идентитет.

Силва рече дека средбата со двете страни ќе и помогне на ЕУ да го реализира својот план за проширување.

„Овие директни разговори се секогаш важни и тие се исклучително важни за дипломатијата. Имавме целосна работна сесија и како претседавач сега подобро ги разбираме позициите, интересите и идеите на Република Северна Македонија и ова несомнено ќе ни помогне во нашата должност како претседавач“.

Од друга страна, лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, побара од ЕУ да го одржи ветувањето за почеток на преговори, што, според него, граѓаните го заслужуваат.

Потребата од медијација од Брисел доаѓа како резултат на неуспешните напори на обете страни да го деблокираат почетокот на преговорите меѓу Македонија и ЕУ и покрај позитивната одлука на Европскиот Совет во март минатата година.

Извор АлсатМ