ДРАМА ВО БИХ – НАВИВАЧИТЕ НА САРЕВО ГО НАПАДНАА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВЕЛКОВСКИ И СОИГРАЧИТЕ

0
62

Голема драма се случувало утрово на тренингот на Сараево во тренинг центарот на овој тим.

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски кој е капитен на Сараево заедно со соиграчите биле нападнати од фановите. Во целиот хаос најлошо поминале Хоџиќ и Јукиќ кои заработиле повреди.

Драмата траела неколку часа, интервенирала и полицијата која ги изнесувала играчите надвор од тренинг центарот. Како што пишуваат медиумите во Босна последен тренинг кампот го напуштил токму нашиот Велкоски.

До инцидентот дошло откако Сараево вчера и дефинитивно ја изгуби трката за титулата во БиХ од Борац Бања Лука. Навивачите се гневни затоа што клубот испушти 13 бодови предност кои ги имаше во еден момент.

ПРЕЗМЕНО ОД СПОРТСКИ