ЗАЕВ: ЕВРОПА Е КАБАЕТЛИЈА

0
20

Европа и должи многу на Македонија а Бугарија може да помогне и да ја поддржи земјата на патот кон нејзината евроинтеграции.

Вака премиерот Заев денеска во изјава за медиумите го образложи својот став по вчерашната средба на Пендаровси и Радев во Ватикан. Сепак според премиерот помошта од пријатели е секогаш добредојдена иако бугарскиот претседател Радев вчера посочи дека не гледа потреба од посредници во решавање на отворените прашања меѓу Скопје и Софија.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска посочи дека јуни може да биде месец на големи можности иако вели не сака прменогу да ги подигне очекувањата а формално Бугарија не треба да биде пречка за меѓувладина конференција на земјата со ЕУ.

Генералните оценки на македонскиот државен врв се дека новата технчка влада во соседна Бугарија е конструктивна, а премиерот Заев пак исто така имал разговор со неговиот бугарски колега Стефан Јанев со кој се договорени конкретни чекори а испратена е и замолница до официјална Софија да не го ги кочи евроинтеграциите на Македонија и да помогне.

Извор Тв24