ЗА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПРЕДЛОГ ОД ВАРХЕИ И СИЛВА Е ДОБРА ОСНОВА

0
22

Бугарско Не, македонско Да – предлогот на двоецот Вархеји- Силва, е добар за официјално Скопје. По неуспешниот обид во Софија за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, еврокомесарот Вархеји и шефот на португалската дипломатија Сантош Силва слетаа во Скопје на консултации со македонската влада и шефот на државата.

За премиерот Заев, со документот  задоволена е македонската круцијална позиција, но дополнително ќе се разгледуваат сите детали од предложеното решение.

– За нас, особено важно е што со ова предлог решение никако не се допира и не се навлегува во нашите македонски идентитетски прашања, со што нашата круцијална позиција е задоволена, а силно сме убедени дека предлогот е добра основа и за круцијалните позиции на Бугарија. – изјави Заев.

По неуспехот во Бугарија до последен момент беше неизвесно дали ЕУ претставниците воопшто ќе се обратат до македонската јавност. По работниот ручек со премиерот и средбата со  претседателот Пендаровски, министерот за надворешни работи на Португалија Силва, сепак даде кратка изјава но без никакви детали.

– Во тек е како што знаете португлаското претседателство со ЕУ, и еден од на најважните процеси којшто е приоритетен за нас, секако е проширувањето. Тоа е навистина битно прашање за нас и во моментов имаме два тековни процеси и сме во очекување да ги одржиме првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија. – изјави Аугусто Сантош Силва МНР на Португалија.

Пораките од официјална Софија и по заминувањето на Вархеји и Силва од Балканот, не стивнаа. Привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев  повторно ја потврди позицијата кон Македонија. Бугарскиот претседател Радев пак порача дека сакаат да видат не само декларации, туку јасни гаранции за како што вели, нивните национални интереси и безбедност.

Засега односите Скопје – Софија остануваат под мраз. Блиц тунејата на Вархеји и Силва заврши неуспешно, но оптимизмот останува.

Извор Тв24