ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ДОЛГОТ НА ДРЖАВАТА, ПРЕДЛОГ НА МАНУ

0
24

 

Даноците на доход и имот да се зголемат а непродуктивните трошоци на Владата да се скратат – ова се главни препораки на академиците за да се избегне финансиска нестабилност и да се скроти растот на јавниот долг.

Академик Таки Фити препорачува да не се чепка ДДВ-то за да не се удри врз најсиромашните, а борбата против сивата економија и даночната евазија да се зсили. Предупреди дека постојат ризици од нова рецесија која дополнителн би ја исцедила буџетската каса па затоа се потребни издржливи политики

.„Јас сум за тоа да има прогресивно оданочување, но кај персоналниот данок на доход. Јас сум против прогресивно оданочување на фирмите. Веќе има определено зголемување на даноците на имот, што е оправдана мерка и евентуално треба да се размисли во иднина дали ќе имаме еколошки даноци и што ќе значат тие од аспект на зголемување на даночниот товар. Но – делумно преку зголемување на даноците а повеќе преку другите мерки.“вели Таки Фити, академик.