Малолетник на велосипед настрадал при удар на автомобил во Прилеп, возачот на автомобилот го напуштил местото на сообраќајката

0
17

Вчера на 07.05.2021 во 18:45 часот било пријавено дека во Прилеп, на бул. „Гоце Делчев“, патничко возило удрило во велосипед управуван од малолетник од Прилеп и го напуштило местото на незгодата. Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.