Марш во Скопје против дигитализацијата на учебниците во сабота

0
23

Револтот на родителите од иницијативата “ Учебници и настава мора да има” од социјалните мрежи се сели на улиците во повеќе градови низ земјата.

По одбивањето на нивното барање за повлекување на законот за учебници од страна на МОН, координаторот на групата Драгана Спасевска најави дека од сабота започнуваат со мирни протести ширум Македонија и марш во Скопје, но и покренување на иницијатива за задолжителен референдум за укинување на електронските учебници.

-Се потрудивме да предложиме решенија и компромис во измените на законот со една цел, да има реформи по мерка на ученикот. Сепак надлежните остануваат глуви на нашите мислења, барања и ставови. Напротив со манипулација, демагогии и празни муабети надлежните сакаат да ни наметнат реформи кои никако не се во интерес на здрав и правилен раст и развој на нашите деца,вели Драгана Спасевска.

Претходно министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека дигитализацијата на материјалите за учење ќе се воведува етапно и истите ќе бидат прва опција за учениците од четврто одделение и погорните класови.

-Реформата на основното образование во земјата има единствена цел, учениците да научат да поврзуваат содржини од различни наставни програми, да истражуваат и носат конкретни заклучоци, а не само да го реплицираат наученото од учебниците. Учениците од прво до трето одделение и понатаму ќе имаат печатени учебници, бидејќи во тој период се учи односот кон книгата и пишувањето.-Мила Царовска.

Од иницијативата велат дека досегашниот бојкот на наставата ќе биде прекинат со оглед на тоа дека доаѓа крајот на учебната година, оставајќи можност на учениците да ги поправат своите оценки. На тема дигитални учебници и права на децата, денеска средба остварија коалицијата Менуваме со Народниот Правобранител Насер Зибери, кој претходно коментирајќи ја образовната реформа порача дека истата мора да се заснова на добра проценка на можностите на училиштата.

Извор Канал5