ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРВ ГОЛМАН НА БАРСЕЛОНА

0
49

Поранешниот прв голман на Барселона Франческо Арнау почина ненадејно на 46-годишна возраст, пренесуваат сите шпански медиуми.

Арнау ја започна својата фудбалска кариера во Барселона, а за нивниот тим и за тимот на Малага  бранеше на вкупно 274 натпревари во Ла Лига.

Освои две првенствени титули, една Копа дел Реј, и бранеше во помладите селекции на шпанската фудбалска репрезентација.

„Длабоко жалиме за смртта на Арнау, кој како дете дојде во Барселона, а потоа беше голман на првиот тим во периодот од 1998 до 2001 година. Почивај во мир“ – објавија од Барселона.

По фудбалската кариера, тој стана спортски директор на шпанскиот второлигаш Реал Овиедо и ја извршуваше таа функција до денешната ненадејна смрт.